Унија на млади сили (УМС) на ВМРО ДПМНЕ денеска во плоштадот „Македонија“ во Скопје, во чест на Шарената револуција поставиле споменик од 1 евро направено од стиропор. Од УМС велат дека споменикот е презентиран затоа што во времето на СДСМ не е изградено ништо од културно значење. Во стилот на шарените револуционери, младите вмровци го офарбаа со боја споменикот од 1 евро.
[youtube width="600" height="400"]https://www.youtube.com/watch?v=xx16ZF3memM[/youtube]
Оливер Паб од УМС на ВМРО ДПМНЕ, вели дека споменикот има симболично значење, односно 1 евро за Заев - 1 евро за Вицето.
„СДСМ не изградила ниту еден споменик од културно наследство, и во изминатиот период поддржува да стимулира и подржува уништување и вандализирање на споменици на објекти од јавен интерес и објекти коишто се од историско и културно наследство на Република Македонија. Запаметен е СДСМ по урбаната мафија во Дебар Маало од нивниот архитект Мирослав Грчев, и криминалниот трговски центар „Глобал“ во Струмица, криминал тежок 8 милиони евра за кое што е аболициран и никогаш не одговарал лидерот на партијата, г-нот Зоран Заев, изјави Паб, од УМС на ВМРО ДПМНЕ.
Дехран Муратов
Оваа вест е достапна и на: Albanian