Деновиве започна црна кампања во Велес. На велешките улици добија порака: За кого протестирам во Велес? Шарените умови на СДСМ.
Како што јавуваат набљудувачите на ЦИВИЛ плакатите се излепени на повеќе локации во градот со цел да се оцрни „Шарената револуција“ која петнаесет дена протестираше против аболицијата на претседателот Иванов.
Како што информираа набљудувачите од терен, активистите на Шарената револуција изјавиле дека овие пораки може само да ги охрабрат уште повеќе и погласно да протестираат.
Б.Ј.