Промоција на збирката кратки раскази „Бибер“

Книжевно активистички тим, поврзан со идејата дека уметноста може да ја инспирира општествената промена, минатата година го покрена конкурсот за краток расказ „Бибер“ на тема помирување во контекст на наследството од војните и насилството во земјите од поранешна Југославија, особено во периодот од 1991 до 2001 година.

На конкурсот беа повикани да учествуваат сите авторки и автори кои пишуваат на македонски, албански, српски, хрватски, босански и црногорски јазик.

Повеќејазичната збирка на кратки раскази, која настана како резултат на конкурсот, ќе биде промовирана во Скопје на 31 мај со почеток во 18:00 часот во Гем Клуб, Стара Чаршија. До сега е промовирана во Сараево и Белград, а следат промоции и во други градови.

11032363_653446421427698_1156084268516216764_n

Во збирката има 25 избрани раскази, од кои три, на автор(к)ите Владимир Табашевиќ, Надиа Герас и Слаѓана Љубичиќ, се наградени на конкурсот. Жири комисијата ја сочинуваа Дорунтина Баша, Фарук Шехиќ и Бојан Кривокапиќ кои направија селекција од 316 раскази од различни краеви на поранешна Југославија, како и од дијаспората.

Збирката кратки раскази „Бибер“ ќе ја промовираат Арсим Јонузи, автор, Дорунтина Баша, Боро Китаноски, мировни активист, и Александра Богдановска, од тимот на „Бибер“. Разговорот ќе го води Џабир Дерала, од ЦИВИЛ – Центар за слобода, организација која во повеќе наврати работеше на темата соочување и помирување со минатото.

Книжевно-активистичкиот тим на „Бибер“ го сочинуваат Јасна Димитријевиќ, Александра Богдановска, Ивана Франовиќ и Катерина Милиќевиќ.

 

Оваа вест е достапна и на: Albanian