Режимски плагијатори: Валути и контра-валути

Изминатово деноноќие се појавија „банкноти“ со ликовите на неколку продемократски новинари и водители со називот „Платеник на Сорос“, „редовни хонорари“ и „редовно на платен список“... 

Меѓу ликовите на „контра-валутата“ на која се препознава неоригиналниот ракопис на ВМРО-ДПМНЕ или на некоја од провладините филијали како ГДОМ, се и Мухамед Зекири од ТВ Шења, Огнен Јаневски од ТВ 24 Вести како и Зоран Димитровски од „Фокус“.

Со ова власта по којзнае кој пат, овојпат најпроѕирно, ја разголува сопствената неоригиналност во нерамноправната медиумска војна во која на една страна се строго контролираните медиуми од врвот на Фамилијата која ја узурпира власта, а од друга, неколкуте медиуми - „последни ластовички“ кои ја бранат слободата на изразувањето, како и „обичните граѓани“ и граѓанските новинари кои ги користат социјалните мрежи.

Контра-обидите да бидат интересни на провладините послушници, сите досега беа банален плагијат на герила-акциите на Шарената револуција: членовите на владеачката партија искористија и можност да „фарбаат споменик“  кој самите го донесоа, го обоија и си го однесоа, со нејасна порака и без никаков импакт, за разлика од герила-акциите на „шарените револуционери“.

 

Print Friendly, PDF & Email

Оваа вест е достапна и на: Albanian