Климента: Ситуацијата во новинарството е ужасна!

„Јас ќе зборувам на српско-скопско-босански јазик, затоа што не го знам бошњачкиот, а босанскиот – онака. Многу ми е полесно да зборувам на македонски, поубаво се изразувам, поубаво зборувам, а најубаво пишувам на македонски јазик“, изјави граѓанскиот новинар и активист Ермин Климента, на мултимедијалниот настан „За слобода на изразувањето“.

„Да не отидов да студирам информатика, секако ќе студирав новинарство. Сепак, добро е што не сум новинар, оти ситуацијата со новинарството е ужасна. А секогаш кога (со демонстрантите) ќе отидеме пред Собранието, да зборуваме за таа ситуација, тие, едноставно нѐ игнорираат. Сето останато веќе го кажаа моите колеги... Ви благодарам што дојдовте!“

[youtube width="600" height="344"]https://www.youtube.com/watch?v=C7biwz9-Ui4[/youtube]


На мултимедијалниот настан посветен на слободата на изразувањето и слободата на медиумите, на граѓанското новинарство и на активизмот „За слобода на изразувањето“, што во организација на ЦИВИЛ – Центар за слобода се одржа на 1 јуни, во центарот на Скопје, на присутните им се обратија шестмина новинари, граѓански новинари и активисти.
Томислав Кежаровски на македонски јазик, Арбана Ќерими на албански, Синиша Станковиќ на српски,  Хадис Сулејман на турски, Дехран Муратов на ромски и Ермин Климента на босански јазик, односно секој на својот мајчин јазик, отсликувајќи ја така Македонија како земја на различни етнички заедници, сите заедно проговорија за медиумскиот простор во земјава, за човековото право на слободно изразување, за потребата да се искаже јавно својот став, за недостатокот на објективно известување и за извртената реалност која секојдневно се пласира во медиумскиот простор.
Мултимедијалниот настан „За слобода на изразувањето“ е во рамките на проектот Граѓански објектив, финансиран од National Endowment for Democracy.