Со пораката „СЈО е уставно!“ заврши денешната герила-акција на активистите од Шарената револуција. Пораката и бројот 5 беа испишани во разни бои на платото пред влезот Уставниот суд во Скопје. Бројот 5 означува дека Уставниот суд има уште пет денови да се изјасни за уставноста на функционирањето на Специјалното Јавно обвинителство
Во денешната акција активистите го исшараа и влезот на Уставен суд, а по неговите ѕидови и по земјата оставија отпечатоци од своите раце. Пред судот со виолетова боја беше испишан и крајниот рок на ултиматумот на Шарените револуционери - 18-ти јуни.
Герила акции се најавени и за деновите што следуваат на разни локации во Скопје. Тие започнаа симболично на 10-ти јуни пред Собранието, и продолжија на 11-ти јуни на скопскиот „Street festival“ во Градскиот парк и со вчерашната герила-акција на мостот „Око“, пред влезот на Археолошкиот музеј.