Книговодителот на мафијата

Во секоја мафија, како што сме гледале на филмовите, “the bookie”, односно човекот што ги води финансиите и книгите на организацијата е клучен од многу аспекти. Не само за нејзиното успешно „финансиско работење“ и легализирање на криминалните пари. Тој човек станува особено битен кога доаѓа моментот за разоткривање на мафијашката структура.

Shkruan:Petrit Saraçini

Пишува: Петрит Сарачини

Се сеќавате на мал милион сцени, особено во миговите кога на криминалците ќе им стане густо. Тогаш „книговодителот“ е постојано под притисок, и физички и психички, особено од страна на неговите работодавци. Ниту едно сведоштво не е опасно толку за мафијата, колку што може да биде опасно „книговодителот“, заедно со тефтерите, да падне во раце на полицијата и истражните органи. Затоа, честопати, доколку тој притисок не е доволен за дисциплинирање и замолчување на најнезгодниот сведок, фамилијата се решава и да го ликвидира „букито“, пред тој да падне во рацете на некој Елиот Нес или Фалконе.

И Македонија си има своја мафија. И нејзин книговодител. Човек до неодамна арогантен и самоуверен, но кој, откако почнаа да пукаат „бомбите“ на опозицијата, речиси и да не личи на самиот себе, и ретко се појавува во јавноста. А кога ќе се појави, тогаш тоа е лик на тажен човек, кој е постојано уморен, индиспониран, со длабоки подочници. Како да е постојано под психичка тортура, а богами и физичка.

Е па, драги гледачи, очигледно, истрагата за разоткривање на нашата мафија се ближи опасно кон целта. И „букито“ пукна. Повлече потез, со кој почнува разврската во овој наш маратонски филм, кој е мошне брутален и трае мошне долго, далеку повеќе од трилогијата „Кум“. Сега ќе почнат да фрчат понуди... кои не може да се одбијат.

Некој ќе јаде чоколадо, а некој ќе се задоволи со бел државен леб.

Но не во Белизе, туку во Шутка и Идризово.

Оваа вест е достапна и на: Albanian