Граѓанските активист(к)и од Тетово промовираат и бараат фер и ненасилни избори во својот град
Со цел промовираат и да побараат фер и ненасилни локални избори, граѓанските активист(к)и од Тетово излегоа на улиците на градот и во директен контакт со сограѓаните објаснува зошто е важно изборите да бидат слободни и ненасилсни и да поминат во фер и демократска атмосфера.
Во разговор со граѓан(к)ите, активистите и активистките на Институтот за развој на заедницата Тетово, се слушна гласот на граѓан(к)ите на Тетово кои се убедени дека е исклучително важно локалните избори на 24 март да бидат реализирани во фер, демократска и мирна атмосфера без притисоци и насилство затоа што на тој начин граѓаните на Тетово ќе покажат дека почитувањето на демократските вредности и слободата на изборот се вредности кои што се од пресудна важност за нив.
Ова е само една од серијата активности кои што ЦИВИЛ – Центар за слобода во во партнерство со Здружението Институт за развој на заедницата (ИРЗ) од Тетово и со организации од други градови во земјата ги реализираат во рамките на проектот Слободни и ненасилни избори 2013, финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ).
Дамир Незири