Иако протестот на Шарената револуција е закажан дека ќе започне од 19:00 часот, полицајци - припадници на специјалните единици, веќе се поставени пред Музејот на ВМРО во Скопје.
Истовремено, приврзаниците на Граѓанско движење за одбрана на Македонија (ГДОМ), на чело со неколку градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ, Коце Трајановски, Ивица Коневски и Стевче Јакимовски од ГРОМ..., се собраа пред Кривичниот суд во Скопје да му дадат поддршка на битолскиот градоначалник Владимир Талески, кому судот му одреди 30 дневен куќен притвор.
ЦМ
Оваа вест е достапна и на: Albanian