ТУРБО НЕДЕЛА НА ЦИВИЛ

Во текот на изминатите четири дена Цивил спроведе огромен број активности истовремено во голем број градови и општини во Македонија со што, вклучувајќи ги и активностите од претходните недели, со теренска работа се покри територијата на целаta земја

182 (Small)Тимови на Цивил во текот на последната недела од изборната кампања остварија низа активности на терен, во повеќе градови низ Македонија истовремено, со цел, преку директни контакти, да се информираат за текот на изборната кампања, како и непосредно да ги пренесат согледувањата и пораките на проектот Слободни и ненасилни избори 2013 до сите актери во изборниот процес. Овој извештај е само краток избор од бројните активности во последните неколку дена

Во понеделникот, 18 март, мобилните тимови на Цивил во соработка со регионалните работни групи за превенција беше во обиколка на велешкиот регион. Во Велес, Градско, Росоман и Кавадарци се организираа средби и разговори со сите главни учесници на овие избори, односно со кандидатите за градоначалници на најголемите политички партии, односно на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, како и со неколку независни кандидати. На сите им беше презентиран проектот на Цивил, кој што беше целосно поддржан, а учесниците на изборите пред претставниците на организацијата ги изнесоа своите оценки за кампањата. Нивните конкретни забелешки за разните видови нерегуларности ќе бидат дел од конечниот извештај на Цивил по целосното завршување на изборите.

Истиот ден, на 18 март, партнерската организација на Цивил, Фондација за развој на локалната заедница во Штип организирашетелевизиски настап од околу 40 минути во ТВ Ирис, каде што претседателот на Цивил Џабир Дерала одговараше на новинарски прашања за текот на кампањата на Цивил, за нерегуларностите регистрирани до тој момент и за перспективите на македонската демократија.

101 (Small)
Наредниот ден, на 19 март, по извонредно посетената прес конференција, тим на Цивил отпатува за Битола каде што учествуваше на трибината за слободни и ненасилни избори која се одржа во Младински културен центар, во присуство на над 30 претставници на повеќе организации и институции во битолскиот регион. На дискусијата се изнесоа низа согледувања и информации за предизборната атмосфера, притисоците и нерегуларностите на локално ниво во овој изборен процес.

ilir-zaev (Small)

Тим на Цивил, заедно со партнерската организација Институт за развој на заедницата Тетово и членовите на регионаланата работна група за превенција, во средата, 20 март, излезе на терен во тетовскиот регион. Тие реализираа низа средби со претставници на повеќе партии, меѓу кои и со актуелниот градоначалник и кандидат на ДПА и на овие избори Сади Беџети, носители на кандидатските листи и кандидати за градоначалник, Горан Манојлоски од ВМРО-ДПМНЕ, Ивица Зориќ од СДСМ, Хамди Саити од Народна демократска преродба, како и новинари на локалните медиуми.

Посебно динамичен беше четвртокот, 21 март, кога проектниот тим на Цивил, заедно со членовите на Работната група за превенција за скопскиот регион, излезе во Скопје, а дел од екипата отпатува за Струмица.

OLYMPUS DIGITAL CAMERAНа четири локации во главниот град - кај споменикот на Мајка Тереза, во трговските центри Лептокарија и Бисер и пред стоковната куќа Мост, беа поставени информативни штандови, на кои граѓаните беа информирани за активностите на Цивил на овие избори и за резултатите од досегашната работа. Штандовите беа посетени од голем број граѓани, кои се интересираа за тоа што го работи Цивил, но пред се даваа силна поддршка на проектот Слободни и ненасилни избори 2013.

Во Струмица, која што ја посети другиот дел од проектниот тим на Цивил, кои во соработка со локални НВО активисти и работната група за превензија на Цивил, се сретнаа со локалните медиуми и со градоначалникот и кандидат на СДСМ за гардоначалник и на овие избори Зоран Заев кој упати јавен повик до сите учесници на изборите да дадат свој придонес, за тие да бидат слободни и ненасилни. Тој воедно јавно даде силна поддршка за работата на Цивил, која тој ја оцени како една од најкорисните работи кои некој воопшто ги прави на овие избори.

080 (Small)Цивил не се одмора ни денеска (петок, 22 март), бидејќи треба да се направат последните подготовки за следење на изборниот молк и на самиот ден на гласањето. Над 140 членови на Цивил, од кои 128 се акредитирани од Државната изборна комисија, во недела ќе излезат да го проследат гласањето на голем број гласачки места во сите општини во Република Македонија.

Тие постојано ќе известуваат за текот на гласањето, а медиа секторот на Цивил информациите веднаш ќе ги проследува до медиумите, согласно законските одредби за информирање во текот на изборниот молк и на денот на гласањето.

Се планира првичните резултати од монисторингот на гласњето Цивил да ги соопшти јавно веднаш по затворањето на гласачките места.