Активистот Луми Бекири, по повод „Викендот на гордоста“, за ЦИВИЛ Медиа изјави дека кон ЛГБТИ заедницата во Македонија се применува селективна правда, и дека и поради политичката криза ЛГБТ лицата сé повеќе се мета на говорот на омраза и на насилство, особено, со нивното активно учество во протестите на Шарената револуција.
[youtube width="600" height="400"]https://www.youtube.com/watch?v=YQbbmLs209Q[/youtube]
„Викендот на гордоста“, започнува денеска со дебатата „Аргументирано изразување“, во Кино „Култура“, со почеток во 19:30 часот.
На дебата ќе се дискутира за борбата за социјална правда и демократија и дали таа е доволна за справување со континуираните прекршувања на правата и стигматизација врз сексуалните и родовите малцинства, како и за предностите и ризиците со кои се соочува ЛГБТИ заедницата и дали правата на ЛГБТ лицата, во моменталната општествено-политичка криза, треба да се актуелизираат и да добијат поголема видливост.
„Викендот на гордоста“ е во организација на ЛГБТИ-Центарот за поддршка при Хелсиншкиот комитет, партнери се Младинскиот образовен форум – МОФ и Кино Култура (Локомотива), а поддржан е од амбасадите на САД и на Франција.
Оваа вест е достапна и на: Albanian