Студентите од Студентскиот пленум обвинија дека организирано се доведуваат членови на Унијата на млади сили на ВМРО- ДПМНЕ да гласаат за нов претседател на студентите при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје. Пред комплексот факултети имаше стотина студенти, видно вознемирени затоа што медиумите ги снимаат. Со коментар дека не сакаат да бидат вознемирувани, никој не сакаше да застане пред камера и да каже од кого, како и зошто се вознемирувани.
Во меѓусебната комуникација меѓу студентите членови на Студентскиот пленум и „спонтано собраните“ стотина студенти, имаше и вербална расправија со по некоја навреда и пцост.
ЦМ
Оваа вест е достапна и на: Albanian