Турканици и закани и пред СПУКМ!

Пред влезот на канцеларијата на Студентскиот парламент на УКИМ, денес имаше турканици и високи тонови и закани меѓу студентите-членови на Студентскиот пленум и лицата кои ги носеа кутиите на пребројување. Дел од кутиите се внесуваа од задниот влез кај Здравствениот дом. Пленумците обвинија дека ливчињата во кутиите се фалсификувани.

[youtube]https://www.youtube.com/watch?v=x8qmTU7Axsc[/youtube]

По неколку минути дојде и полиција на повик на „пленумците“. Додека екипата на ТВ 24 Вести се подготвуваше за линк во живо, дел од лицата кои се шретставуваа како студенти поддржувачи на СПУКМ, им забрануваа да снимаат и ги подучуваа на „новинарски професионализам“, при што „пленумците“ застанаа во одбрана на новинарите и извикуваа дека „сите медиуми не се 'Курир!'“.

Текст и камера: Дехран Муратов

Оваа вест е достапна и на: Albanian