Спасовски: Или Груевски или Македонија!

„Режимот во Македонија спроведе фалсификувани, криминални студентски избори. На најбрутален начин, со злоупотреба на полицијата беше спречено елементарното право на студентите на слободен избор. Разулавената власт се нафрли врз студентите, ја згази автономијата на Универзитетот, ја нападна иднината на Македонија. Одговороност за злоупотребата на специјалната полицијата против студентите мора да понесат сите инволвирани", изјави Оливер Спасовски, генерален секретар на СДСМ, на денешната прес конференција.

"Митко Чавков треба веднаш да замине од позицијата министер за внатрешни работи, заедно со целата нелегитимна и незаконска Влада на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. Насилството врз студетните е реализација на намерата на Никола Груевски да судри народ со народ. Ова е реализација на заканите на Ѓорге Иванов за употреба на безбедносните сили врз сопствените граѓани, врз студентите", истакна Спасовски, како одговор на вчерашните случувања за време на изборите за претседател на Студентскиот парламент.

Од СДСМ, го поддржуваат денешниот протест на студентите, најавен на 19 часот, пред канцеларијата на СПУКМ.

"Режимот е готов, тоне секој ден. Или Груевски, или Македонија! Граѓаните се за Македонија!", заврши Спасовски.

Оваа вест е достапна и на: Albanian