Ректорска управа: Скандалозни се изборите за студентски лидер

Ректорската управа на УКИМ на денешната вонредна седница ги оцени за скандалозни, изборите за студентски лидер одржани во четвртокот. Во присуство на претставници од Студентскиот пленум донесена е одлука да се формира комисија којашто ќе ги разгледа сите факти и докази поврзани со изборите.

На расправата во Ректоратот дел од деканите на факултетите побараа да се поништат изборите, зашто се одржуваат две години подоцна. Но, прифатена е одлуката на останатите, да се формира посебна комисија.

Студентскиот пленум незадоволен од ваквата одлука, бара итна измена на Статутот на УКИМ.