Дерала: Власта ги охрабрува заканите на социјалните мрежи!

Непосредно по протестот на Шарената револуција, против новата еврообврзница од 650 милиони евра, кога полициските специјалци сили присилно, со употреба на насилство, се обидоа да го попречат пристапот на демонстрантите до Министерството за финансии, еден од претставниците на МВР, објави статус на својот профил на Фејсбук: „Јас тепав крвнички, запамети ме и мене добро, немој да ме заборавите, повторно ќе ве тепам, за одбрана на татковината, спремни сме и со тенкови да газиме“. 

ghj

Претседателот на ЦИВИЛ - Центар за слобода Џабир Дерала, од повеќе медиуми беше прашан за свој став за ваквите закани.

„Ваквото произнесување на социјалните мрежи, доколку се утврди дека се работи за автентичен Фејсбук пост, всушност, е индикатор за состојбите и однесувањето на власта кон граѓанките и граѓаните за чија безбедност овој човек се заколнал дека ќе се грижи и кој зема плата од истите тие граѓанки и граѓани. Освен што се заканува и го крши законот со самата закана за насилство, тој признава дека веќе извршил кривично дело. Но, сево ова, според мене, е манир охрабрен токму од власта. Лидерот на владејачката партија веќе со години држи говори полни со закани и омраза, а со тоа, директно поттикнува насилство и насилничко однесување“, изјави  Дерала.

Претходно, со соопштение ЦИВИЛ го осуди користењето прекумерна сила од специјалците на МВР.

Print Friendly, PDF & Email

Оваа вест е достапна и на: Albanian