Критичка расправа за граѓанското учество во преговорите

„Може ли политичката криза во Македонија да се надмине без граѓанско учество во преговорите и спроведувањето на политичкиот договор?“, е темата на критичката расправа која ќе се одржи денеска во 19.30 часот во Мобилната галерија во Паркот на Франкофонијата

Учесници во расправата ќе бидат Сашо Орданоски, Стево Пендаровски, Марјан Забрчанец, Суад Мисини, Мaриглен Демири, а модератор ќе биде Жарко Трајаноски.

Оваа завршна расправа е дел од поширокиот концепт за „Поттикнувања култура на критичко мислење, пишување и дебатирање“.  Целта е да се отворат клучните прашања за понатамошната судбина на Македонија како еманципирана, демократска земја која почива врз граѓанските принципи и механизми за демократизација на општеството, врз владеењето на Уставот и правото и врз партиципативните граѓански модели на управување со клучните општествени сегменти.

Настанот е во организација на „Контрапункт“ – асоцијација за развој на критичка теорија, социо-културен активизам и современи културни практики“ и Здружението на граѓани „Есперанца – Светски културен центар“, а се реализира со поддршка од Проектот на УСАИД за граѓанско општество што го спроведува Фондацијата Отворено општество – Македонија и од Советот за глобална соработка.

Потебата од граѓанското учество во преговорите , претходно 88 граѓански организации, иницијативи, групи, движења и синдикати ја адресираа  до меѓународната заедница и до четирите најголемите партии.

Оваа вест е достапна и на: Albanian