Жителите од тетовската населба Деребој, денеска протестираа против дивата депонија која се наоѓа веднаш до нивната населба. Протестот се одржа пред зградата на Oпштина Тетово, каде беше и доставено писмо до градоначалничката Теута Арифи, со кое се побара санирање на депонијата. Симболично пред општинската зграда, демонстрантите фрлiја ѓубре.
ЦИВИЛ Медиа, разговараше со Арианит Џафери, од невладината организација „Еко герила“, како организација која го поддржува протестот.
„Во моментов, најважно е иницијативата и протестот да произлезат од граѓаните на кои оваа депонија најмногу им пречи, а ние како организација, ја даваме целосната поддршка“, вели Џафери, кој потврди дека жителите на оваа населба планираат и други протести и акции.
Дивата депонија се наоѓа на помалку од еден километар од центарот на градот и е веднаш до силосите и погоните на “Жито Полог“, еден од најголемите производители на леб во Тетово. Неподносливата миризба од депонијата која се наоѓа на влезот на градот и загадувањето, беа причина за денешниот протест, и за следните активности.
М. Теговска