Дневен преглед на најважните настани во Република Македонија (21 јули 2016 година): Орданоски: Разговорите Нуланд – Груевски се дел од гаранциите за надминување на кризата! || Слободни избори се услов за кој не смее да се преговара! || Новакоски: Залудни обиди да се врати довербата на граѓаните! || Караванот на слободата денеска во Прилеп, Тетово и Струмица
Орданоски: Разговорите Нуланд – Груевски се дел од гаранциите за надминување на кризата!
„
Полицијата и тајната полиција играат диспропорционални, важни улоги во општествените промени. Гледам дека тука се сконцентрираше опозицијата, да се направат што може повеќе блокирања на евентуалните иницијативи на власта, повторно да ги фалсификува изборите“, вели аналитичарот д-р Сашо Орданоски, член на експертскиот тим на ЦИВИЛ – Центар за слобода, во интервјуто за Цивил Медиа.
Слободни избори се услов за кој не смее да се преговара!
Новакоски: Залудни обиди да се врати довербата на граѓаните!
„
Кога не функционираат регулаторните тела кои се надлежни за изборите, тогаш лидерите на политичките партии одлучуваат за сите прашања, за секојдневниот живот… Со последниот договор, политичките партии ја презедоа улогата во работи во кои не смеат да се инволвираат“, вели во разговорот за ЦИВИЛ Медиа, Александар Новакоски, член на експертскиот тим на ЦИВИЛ и поранешен претседател на Државната изборна комисија.
Караванот на слободата денеска во Прилеп, Тетово и Струмица
Три екипи на ЦИВИЛ, во овие градови ќе одржат прес-конференции на отворено, на кои на медиумите и пред заинтересираните граѓани ќе бидат најавени следните активности во рамките на Караванот на слободата.
Прес-конференциите во Тетово и во Прилеп ќе се одржат во 12 часот, на градските плоштади на овие градови, а третата екипа прес-конференцијата во Струмица ќе ја одржи во 14 часот, во Малиот парк, спроти општинската зграда.
ЦИВИЛ го објавува овој преглед на настани со цел да придонесе кон објективното информирање за настаните и процесите, но и за настани за кои еден дел од медиумите во Република Македонија не информираат или информираат многу малку. Вашето мислење е важно за нас. Ве молиме, вашите коментари, сугестии, информации, фотографии и видео прилози испраќајте ги на нашата Фејсбук страница или на e-mail: [email protected]к