Македонија: Преглед на настани (22 јули 2016)

Дневен преглед на најважните настани во Република Македонија (22 јули 2016 година): Промовиран Караванот на слободата во Прилеп, Тетово и Струмица || Ректорот на УКИМ се обрати до Сенатот || Продолжи расправата за Диво Насеље  || Одбиени се жалбите на СЈО за полициските службеници осомничени во предметот „Тортура“ || Специјално оделение во судот не е дел од последниот договор во Пржино ||Заев: Договорот е добар за граѓаните

-1

Промовиран Караванот на слободата во Прилеп, Тетово и Струмица
DSCN8940
ЦИВИЛ Центар за слобода денеска напладне, на плоштадот во центарот на Прилеп одржа прес конференција на која што го промовираше најновиот проект Караван на слободата, поддржан од УСАИД. Проектот беше претставен и на плоштадот во Тетово, пред локалните, регионалните и националните медуми. Тимот на ЦИВИЛ истиот ден разговараше со новинарите и со соработниците од Струмица, за проектот Караван на слободата, но и за актуелните настани на политичката сцена во Македонија, како и за другите проекти кои паралелно ги спроведува.
Ректорот на УКИМ се обрати до Сенатот
13570161_1278105448884302_2026751787_o
По отвореното писмо што осум членови од Сенатот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“  го испратија  до ректорот во заминување, Велимир Стојковски, потсетувајќи го дека и по две недели се уште не е свикана вонредна седница на Сенатот за разгледување на случувањата со  контроверзните студентски избори, се огласи ректорот. Возвраќајќи им со писмо, тој тврди дека зад  досписот  не бил потпишан ниту еден сенатор, туку било само испратено од еден сенатор и ги негира обвинувањата на негова адреса.
Продолжи расправата за Диво Насеље
Во големата сала на Врховниот суд продолжи расправата за судскиот процес за случувањата во кумановското Диво Насеље од 9 и 10 мај минатата година. И денешното рочиште е затворено за јавноста, бидејќи се сослушуваат заштитени сведоци, предложени од Обвинителството.
Одбиени се жалбите на СЈО за полициските службеници осомничени во предметот „Тортура“
13396708_1138498686171047_1826646449_o
„Кривичниот совет, постапувајќи по жалби на СЈО изјавени против решенијата на судија на претходна постапка од 14.7.2016 за предметот познат како ‘Тортура’, по одржана седница, донесе решенија со кои жалбите на Обвинителството ги одби како неосновани. Со донесените решенија, Советот ги потврди одлуките на судијата на претходна постапка со кои беше одбиен предлогот на СЈО за определување мерка за претпазливост – забрана за преземање на определени работни активности кои се поврзани со кривичното дело против 6 лица“, се наведува во соопштението на Судот.
Специјално оделение во судот не е дел од последниот договор во Пржино
mmmpregovori
Експертите оценуваат дека на преговарачка маса неоправдано не се нашле и прашањата околу специјалните одделенија во Судот и во МВР, како и пролонгирањето на рокот за поднесување обвиненија. Сметаат дека и покрај тоа што тие не се дел од договореното во Пржино и не можеле да се предвидат и очекуваат во моментот на потпишување, се наметнале како потреба, поради континуираните опструкции што се вршат врз СЈО.
Заев: Договорот е добар за граѓаните
Untitled
Договорот што го постигнаа политичките партии пред се е поволен за граѓаните на Република Македонија и е излез од политичката криза. За СДСМ овој договор е поволен зашто ги обезбедивме чекорите за исполнување минимум два услова, а тоа се минимум регулација на медиумите преку формирање ад-хок тело и допрочистување на избирачкиот список, оцени денеска во Струмица лидерот на СДСМ, Зоран Заев кој присуствуваше на седница на Советот.

german-cooperation-logo-cЦИВИЛ го објавува овој преглед на настани со цел да придонесе кон објективното информирање за настаните и процесите, но и за настани за кои еден дел од медиумите во Република Македонија не информираат или информираат многу малку. Вашето мислење е важно за нас. Ве молиме, вашите коментари, сугестии, информации, фотографии и видео прилози испраќајте ги на нашата Фејсбук страница или на e-mail: [email protected]к