ЦИВИЛ утре ќе ги додели јулските награди за граѓанските новинари

Новинари кои во соработка со партија се задолжени за промоција на работењето на Општината, сведоштво за кршење на работнички права во едно јавно претпријатие во Скопје, злоупотреби на државни ресурси, притисоци во предизборен период, се дел од содржините кои ЦИВИЛ - Центар за слобода, ќе ги награди во рамки на јулскиот циклус од натпреварот „Биди граѓански новинар“.

Доделувањето на награди ќе се одржи утре, 16-ти август, во просториите на ЦИВИЛ, на ул. Максим Горки бр. 31/1, во центарот на Скопје, со почеток од 12,00 часот.

Наградите ќе им бидат доделени на граѓанските новинари, кои испратија фото и видео содржини како дел од јулскиот циклус, кои веќе се објавени на веб-страната на ЦИВИЛ. На овој начин бројот на наградени граѓански новинари, изнесува 35.

IMG_5752

Во пресрет на утрешното доделување на награди, денес ЦИВИЛ одржува еднодневна обука за граѓански новинари, кои во практичниот дел на обуката имаат можност да подготват прилози кои ќе влезат во конкуренција за наградите што следниот месец ќе бидат доделени од комисијата составена од членови на тимот на ЦИВИЛ.

Натпреварот „Биди граѓански новинар“, е дел од проектот „Граѓански објектив“, финансиран од National Endowment for Democracy.

Оваа вест е достапна и на: Albanian