Тачи - правото е пред политиката, Бонева - СЈО е медиумски циркус, Ибраимовски - криминалот ќе се докаже

Во Специјалното Јавно oбвинителство, денеска на распит беа лидерот на ДПА, Мендух Тачи, поранешната пратеничка од редовите на ВМРО–ДПМНЕ, и член на ДИК, Силвана Бонева и претседателот на ПЦЕР, Самка Ибраимовски.

тата(1)

По едночасовниот распит во СЈО, Тачи изјави: „Во вакви моменти не се даваат изјави, но поради коректниот став кој го имам кон медиумите ќе ви дадам изјава. Кога зборува правото, политиката треба да молчи“. На овој начин, лидерот на ДПА ја поддржа работата на СЈО и посочи дека владеењето на правото е приоритет пред политичките интереси.

14114726_10153969179867499_1346063612_o

Спротивно од него, Бонева од ВМРО-ДПМНЕ , денешниот распит го карактеризираше како „медиумски циркус“. По распитот кој траеше еден час, а на кој таа се појави без адвокат, Бонева изјави „Кога го гласаа законот за Специјалното Јавно обвинителство во Собранието, во ниедна одредба не стоеше дека предистражната постапка која треба да биде тајна, ќе биде медиумско-политички циркус. Сите вие сте сведоци на тој политичко–медиумски циркус. И јас сум убедена дека оние кои што ве повикале овде, ќе ви дадат изјава зошто сум повикана, за кој предмет и што се разговарало“. Бонева не одговори дали е повикана во СЈО како сведок или како обвинета.

14060296_10153969330862499_1813684270_o

Последен од предвидените за распит во СЈО, беше Самка Ибраимовски, лидерот на ПЦЕР. „На разговор бев повикан поради бомбите кои ги објавив пред Владата на Република Македонија. Сметам дека ќе продолжат да се докажуваат тие криминални избори кои се одржува во оп Шуто Оризари. И ќе се докажува вистината за Изборната единица 2, каде што носител беше министерката Гордана Јанкулоска, во 2011 и 2014 година. На пат сме да докажеме многу криминал, и тоа ќе се докаже за многу кратко време “, изјави Ибраимовски, кој не сподели повеќе детали, „во интерес на истрагата која СЈО ја води“.

Зголемениот интензитет на работата на СЈО, беше најавен од Специјалната Јавна обвинителка Катица Јанева, а започна со распитот на градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, кој беше повикан како сведок за демолирањето на бараките на Општина Центар во 2013-та година.

Print Friendly, PDF & Email