Караванот на слободата продолжува со хуманитарни активности за помагање на жителите од поплавените подрачја во Македонија
Хуманитарната помош која досега успеа да ја собере Караванот на слободата е веќе доставена на пунктот пред ВЕРО Центар во Скопје, од каде е предадена на оние на кои им е најпотребна.
Штандови на кои граѓан(к)ите ќе можат да донираат парични средства, средства за хигиена и храна ќе бидат поставени во сите општини каде ќе гостува Караванот на слободата во следниот период. Оваа недела тоа ќе бидат општините од полошкиот регион, односно, Боговиње, Јегуновце, Теарце, Врапчиште, Гостивар и Тетово во четврток, и повторно, Тетово во петок, каде и ќе се одржи големиот мултимедијален настан, од попладневните до доцните ноќни часови.
ЦИВИЛ – Центар за слобода кој го спроведува проектот Караван на слободата со поддршка од УСАИД, ги повикува граѓан(к)ите да бидат хумани и колку што се во можност, да донираат и со тоа да им помогнат на настраданите во поплавите кои го зафатија скопскиот и тетовскиот регион.
Оваа вест е достапна и на: Albanian