Тркалезна маса: Градење на ефикасен систем за превенција од природни непогоди

ЦИВИЛ - Центар за слобода, на 12 септември (понеделник), организира тркалезна маса на тема „Градење на ефикасен систем за превенција од природни непогоди“. Настанот ќе се одржи во салата „Дипломатик“ на Скопскиот саем, со почеток во 12.00 часот.

poplava roko1

Фото: Роберт Атанасовски

По повеќе од еден месец од кобната поплава којашто го погоди скопскиот регион, во која имаше 22 човечки жртви и илјадници лица останаа без својот дом, ЦИВИЛ организира тркалезна дебатна маса на која докажани експерти и професори јавно ќе говорат за тоа што можеше претходно да се направи и што во иднина мора да се преземе за да се превенира навремено и соодветно и за да се спречат трагедии од овој тип.

Воведни говорници на тркалезната маса ќе бидат: професорите д-р Александар Трендафилов  и д-р Иван Блинков од Шумарскиот факултет, д-р Татјана Миткова од Земјоделскиот факулте и д-р Ивица Милевски од Природно-математички факултет од УКИМ.

ЦИВИЛ ги поканува сите заинтересирани за темата на тркалезната маса да присуствуваат и да уествуваат во дискусијата.

Оваа вест е достапна и на: AlbanianEnglish