Четворица премиери на сослушување за поплавите

Надзорната расправа во Собранието за поплавите кои се случија на 6-ти август, е закажана за денеска. Расправата доаѓа по иницијативата на пратениците на СДСМ, а собраниската Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство едногласно ја прифати

Никола Груевски е поканет на надзорната расправа по барање на пратениците на СДСМ, а Бранко Црвенковски, Хари Костов и Владо Бучковски по барање на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ. Четворицата поранешни премиери се повикани како надлежни за градење на обиколницата, која се градеше за време на нивните мандати.

srcc

Во соопштение до јавноста СДСМ бараат сите лица кои се на раководни позиции, како што се Никола Груевски, вицепремиерот Никола Тодоров како шеф на Кризниот штаб на Владата, Оливер Ромевски, директор на УХМР, Михаил Цветков, министер за земјоделство, Тони Мартиновски, директор на „Скопско Поле“, Митко Чавков, поранешен министер за внатрешни работи, Дритон Кучи, министер за економија, Жарко Караџоски, директор на „Македонски шуми“, Коце Трајановски и Тони Трајковски, градоначалници на Скопје и на Општина Гази Баба..., задолжително да се појават.

„Сите овие лица на раководни позиции, на чело со Груевски кој ги постави и беше 10 години премиер, и должат многу одговори на јавноста за последиците од поплавите што однесоа животи на бебиња, на деца, на невини луѓе и предизвикаа огромни материјални штети. Тоа го чекаат и граѓаните кои сé уште не можат да си го вратат животот во нормала“, се вели во соопштението.

ЦИВИЛ Медиа, претходно разговараше со Панче Орцев од СДСМ, како иницијатор за отворање на расправа која треба да ја лоцира одговорноста за тоа кој е виновен што неколкучасовен дожд предизвика човечки жртви и големи материјални штети.

6578-Pance1-1200x545_c

„Има вина… Вината е во неисчистените канали, во канализацијата во Стајковци, во урбанизацијата, вина има и во исечената шума, а нова не е засадена. Секако дека има вина и ние ќе се обидеме да ја лоцираме. Тоа за жал, резултираше со 23 жртви, а има информации и дека се повеќе, сепак, тоа без докази е тешко да се тврди“, потенцираше тогаш Орцев.

IMG_0787

ЦИВИЛ – Центар за слобода, со цел да не се дозволи повторување на трагичните поплави, организираше и тркалезна маса на која учествуваа експерти кои ги посочија недостатоците во функционирањето на системот. Заклучокот кој произлезе од таа дискусија беше дека се неопходни: промена во легислативата, зајакнување на институционалните капацитети, вложување во научните институции, прифаќање на препораките од независните експерти и изработка на долгорочни анализи врз база на новите состојби на терен.

Марија Теговска

Print Friendly, PDF & Email

Оваа вест е достапна и на: Albanian