Караванот на слободата низ источна Македонија

Во четврток, 22 септември 2016, Караванот на слободата ќе ги посети општините Чешиново, Карбинци, Кочани, Радовиш и Свети Николе, каде ќе се промовира големиот мултимедијален настан, кој ќе се оддржи наредниот ден, 23 септември, во Штип. Настаните ќе започнат во 12 часот на плоштадот во Штип, каде тимот на ЦИВИЛ ќе одржи прес конференција, на која ќе ја презентира програмата за претстојните настани на Караванот. Караванот потоа ќе продолжи кон соседните општини Чешиново, Карбинци, Кочани, Радовиш и Свети Николе каде, активистите на ЦИВИЛ ќе разговараат со граѓаните и ќе ги презентираат целите и програмата на Караванот. Подоцна во текот на денот и вечерта во Кочани ќе се одржат музички и поетски настани, почнувајќи од 18 часот.

14305193_1822357517979595_2806305319108894683_o

Од соседните општини ќе биде обезбеден бесплатен превоз за големиот мултимедијален настан во Штип, кој се одржува ден потоа, во петок, 23 септември. Овој настан вклучува музички концерти, визуелна уметност, театарски и поетски перформанси и културни активности, кои опфаќаат различни општествени прашања.

Досега Караванот одржа пет големи мултимедијални настани во Велес, Струмица, Кавадарци, Тетово и Куманово, посети повеќе од 30 општини. По концертот во Штип, следуваат серија настани во Скопје, на 29 и 30 септември, како и големиот завршен концерт на 1 октомври.

Караванот на слободата е тримесечен фестивал, организиран од ЦИВИЛ – Центарот за слобода и поддржан од УСАИД, кој ги користи уметноста и културата за да влијае на засилување на граѓанската свесност и граѓанското учество. Тој е динамичен мултимедијален проект, кој го поттикнува граѓанското учество во процесите на донесување одлуки на локално и национално ниво.

Оваа вест е достапна и на: Albanian