Стартува скопската недела на Караванот на слободата

На платото пред Спомен куќата на Мајка Тереза во Скопје, денес, во 14 часот, ЦИВИЛ - Ценатр за слобода ќе го најави големиот мултимедијален настан, на Караванот на слободата кој ќе се одржи овој петок (1 октомври). На инфо-штандот, покрај информативен материјал, ќе биде организирана фото-петиција и диџеј-сетови на CIVIL Art Crew.

14379774_1826437307571616_5500727433102709578_o

На големиот завршен настан на Караванот,  ќе настапат Тони Зен, Бени и Нон Стоп, Мугер Фугер, Лилит и Амон Мра, Шутка Рома Рап и Кристина Арнаудова. Покрај музичките настапи, настанот ќе донесе и многу поетски перформанси, видео - проекции, како и ликовна изложба и работилница на отворено.

Караванот на слободата во изминатите три месеци одржа шест големи мултимедијални настани во Велес, Струмица, Кавадарци, Тетово, Куманово и Штип. Освен тоа, овој патувачки фестивал посети над 40 општини низ земјата и одржа десетина помали настани, на кои ги информираше граѓанките и граѓаните за неговите активности и цели.

Целта на Караванот е преку влијанието на уметноста да ја разбуди граѓанската свест за учество во донесувањето одлуки на локално и национално ниво.