Изложбата на фото-портрети на лица со посебни потреби од Македонија и Шведска - „Пристапност“, се отвара утре во изложбениот салон на Домот на АРМ, со почеток во 19 часот. Автори на фотографите се фотографите Маркус Марчетич (Шведска) и Томислав Георгиев (Македонија).Приказните на фотографираните лица се раскажани од Рикард Лагерберг и Небојша Илијевски. Фото приказните ги презентираат предизвиците и успесите на лицата со посебни потреби во двете држави.
Паралелно со изложбатана фотографии, заинтересираните ќе имаат можност да ја проследат и изложбата „Дизајн за достоинствен живот“, на која ќе бидат изложени 22 производа - иновативни решенија наменети да им го олеснат животот на лицата со посебни потреби и нивните негуватели. Изложените екстра-лесни колички и пристапни рампи, ИТ-решенијата и прилагодените друштвени игри, како и специјално дизајнираните пакувања и приборите за јадење, имаат за цел да ги претстават постоечки иновативни решенија,но и да инспирираат нови.
Со отворањето на изложбите, изложбениот простор и концертната сала на Домот на Армијата за првпат стануваат пристапни и за лицата со посебни потреби, со пуштањето во употреба на донираната пристапна рампа.
Изложбите ќе бидат отворени до 16-ти октомври, а се поставени со поддршка на Амбасадата на Шведска во Република Македонија.
Оваа вест е достапна и на: Albanian