На УКИМ се одвива првиот Студентски референдум

Студенти од универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје, денеска од 9 до 17 часот, го спроведуваат првиот Студентски референдум, со прашање - „Студенту, дали телото кое те претставува во рамките на Универзитетот, да продолжи да биде невладина организација, како што во моментов е СПУКМ?”.

На факултетите има по двајца волонтери кои се членови на Избирачки одбор, има гласачки ливчиња и импровизирани паравани за гласање. Референдумот е самоиницијативен и не е поддржан од Државната изборна комисија.

„Се обидуваме на студентите да им објасниме дали сакаат Студентски парламент да биде невладина организација и да немаат увид и да не знаат каде одат парите од ИКСА, или пак, да бидат во рамките на Универзитетот и да можат да помогнат во подобро трошење на тие пари. Досега имаме доста излезеност на сите 23 факултети кои се во рамките на УКИМ во Скопје. Досега нема никакви инциденти и во 17.оо часот ќе се затвори гласањето и на лице место ќе се пребројуваат гласовите за да се утврди дали е успешен Студентскиот референдум“, изјави за ЦИВИЛ Медиа, студентот Филип Анастасов, кој е член на Избирачкиот одбор.

_DSC0029

Студентите решија да организираат референдум бидејќи сметаат дека нивниот глас не е слушнат.

Дехран Муратов