Слободни избори: Услов за кој не се преговара

Публикацијата „Слободни избори: Услов за кој не се преговара“ произлезе од проектот „Слободни избори за слобдни граѓанки и граѓани“, кој започна во јуни 2015 и воведе единствени пристап и методологии кои обезбедија граѓанска едукација во однос на гласачкото право и придонесе кон јакнење на свеста во однос на изборните нерегуларности. Проектот беше спроведен преку секојдневно ширење информации и знаења, засновани врз долготрајно набљудување на состојбата на човековите права и политичката ситуација во поширок изборен контекст.

Публикацијата содржи анализи, извештаи од теренот и опис на проектните активности кои беа спроведени во текот на едногодишната имплементација.

Проектот и публикацијата се финансирани од Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија.