Набљудувачките тимови на Цивил на теренот и граѓан(к)ите по телефон, јавуваат за уште нерегуларности во повеќе гласачки места
Набљудувачите на Цивил регистрираа еден случај на јавно гласање на гласачкото место број 2817 во ОУ „Димитар Миладинов“. На истото гласачко место имаше и обид да се попречи нашиот набљудувач да ја изврши својата задача, со исто образложение како и претходно, дека нема посебно овластување од Цивил. Нашиот набљудувач, исто така, беше испрашуван од член на изборната комисија и од припадник на полицијата за тоа од каде се финансира проектот на Цивил и други прашања за нашата организација кои не се тема на изборите.
Партиско агитирање и евидентирање на гласачи нашите набљудувачи забележаа во близина на речиси сите гласачки места. Наши набљудувачи и на неколку други гласачки места се предмет на испрашување и од набљудувачите на одредена партија.
Партиски набљудувач му доставил усна поплака на набљудувач на Цивил дека пред ОУ „11 Октомври“ има легитимирање на гласачи пред да влезат на гласачките места.
Излезноста во Центар е видливо помала од претходните кругови на гласање во првите часови на денот на прегласување. Неколку граѓан(к)и дадоа примери за тоа дека биле збунети од флаерите со лажен датум на прегласување за што веќе известивме во раните утрински часови.
На одреден број неподвижни граѓан(к)и не им било овозможено на да гласаат дома вчера (сабота), иако на претходните два круга на гласање тоа им било овозможено. Ова претставува манипулација со која на одреден број граѓан(к)и им се ускратува гласачкото право.
На едно гласачко место во Центар се забележува гласно вербално препукување меѓу партиски претставници на гласачко место.
Голем број граѓан(к)и се јавуваат на дежурните телефони на Цивил со информации за нерегуларности во текот на прегласувањето, односно гласањето за втор круг во Долнени.
Набљудувачите на Цивил и граѓан(к)и на Струга јавуваат за видливо присуство на полицијата со возила на специјалните единици.
- TEL: 02/5209176
- E-MAIL: [email protected] | [email protected]
- WEB: www.civil.org.mk
- FACEBOOK: https://www.facebook.com/civil.mk
- TWITTER: https://twitter.com/CivilMacedonia
- YOUTUBE: https://www.youtube.com/user/CivilOrgMK