Конференција на ЦИВИЛ: Злоупотреба на социјалната правда за изборни цели

Конференција на тема „Злоупотреба на социјалната правда за изборни цели“, во организација на ЦИВИЛ – Центар за слобода, ќе се одржи на 31 октомври (понеделник) во хотелот „Сити парк“, со почеток во 12 часот.

Присутните на конференцијата ќе имаат можност да ја проследат компаративната анализа на ЦИВИЛ, заснована на видео-изјавите кои за ЦИВИЛ Медиа ги дадоа петнаесеттемина претставници на политички партии, експерти, претставници на граѓанското општество и синдикати, како и на анализите и наодите на ЦИВИЛ од долгорочниот мониторинг.

Од оваа конференција се очекува да произлезат заеднички препораки за политичка и општествена акција за превенција од злоупотреба на ранливите категории граѓанки и граѓани за изборни цели. Учесниците ќе имаат можност за кратко излагање на конференцијата.

Видео-интервјуата и нивните транскрипти на македонски, албански и англиски се објавуват на онлајн каналите на ЦИВИЛ и се бидат слободни за превземање, објавување и користење (Creative Commons 4.0).

На конференцијата се поканети сите учесници во проектот, претставници на синдикални и граѓански организации и на медиумите, како и засегнати граѓанки и граѓани.

Конференцијата е дел од пилот-проектот „Ветувања и злоупотреби“, што се занимава со злоупотребата на социјалната правда за политички и изборни цели. Целта на проектот е да придонесе кон зајакнување на јавната свест за злоупотребите во доменот на социјалната правда во изборен контекст, како и за превенција од манипулативните практики на политичките центри на моќ.

Проектот се спроведува во соработка со Фондацијата Хајнрих Бел – канцеларија во Сараево.