„Сите за праведно судење“: Случајот Панчевски конечно дава надеж за преземање одговорност!

Од коалицијата „Сите за правично судење“ за ЦИВИЛ Медиа изјавија дека конечно се прекина синџирот на судската (колективна) наспроти судиската (индивидуална) одговорност. Тие потенцираат дека постапката на 15 судии кои поднесоа петиција против претседателот на Основен суд Скопје 1, Владимир Панчевски, „дава надеж дека е крајно време за конкретна акција и за лично преземање одговорност“.

„Мислиме дека ова е прво конкретно придвижување на работите. Моќта која ја имаат судиите, како трета власт, врз чија работа се темели владеењето на правото, беше долго време запоставувана, односно пласирана како немоќ, и тоа токму од судиите кои најчесто зборуваа во име на судството“, е ставот на коалицијата „Сите за праведно судење“.

1476301_10151901023984545_1203698594_n

Оттаму додаваат дека до физички инциденти во судот, или било каде, доаѓа секогаш кога насилството се смета за одговор на конкретен проблем.

„Во нашето општество насилството не е нешто непознато и е резултат на повеќе историски, вкоренети начини на однесување. Што се однесува до унапредувањето на напаѓачот, кој и онака правел проблеми, тоа е доказ кои однесувања како се вреднуваат. Ова е толку срамно, и да се спомене, а уште повеќе, да се користи како 'аргумент' за добро постапување“, потенцираат од коалицијата.

pancevski-670x398

Владимир Панчевски

 

Од коалицијата истакнуваат дека не би можеле да знаат што точно мислел Панчевски со изјавата дека „судиите се дуќанче и чешмичка“:

„Изјавата е нејасна, збунувачка и наведува на коруптивни дејствија кои се случувале во судот, без притоа да бидат дадени конкретни информации. Се’ на се’, сензационалистичка изјава за дефокусирање на јавноста, за сега да се занимаваме со нејзиното толкување“.

Д. Муратов

 

 

 

 

Print Friendly, PDF & Email