Денеска ЦИВИЛ - Центар за слобода постави инфо-штанд на платото пред Универзитетот на Југоисточна Европа, каде активистите на ЦИВИЛ им поделија информативен материјал на скопјан(к)и и со нив разговараа за можноста да станат дел од мониторинг тимовите за претстојните парламентарни избори.
И покрај студеното време десетици граѓани искажаа интерес за набљудувачките активности на ЦИВИЛ, и со членовите на тимот споделуваа свои ставови за текот на кампањата и проценки за регуларноста и за исходот на изборите.
Во овој предизборен период, ЦИВИЛ ги интензивира своите активности за изборен мониторинг, преку мобилизација на краткорочни и долгорочни набљудувачи, како и на мобилни мониторинг-тимови низ целата земја.
Проектот „Набљудуваме!“ е поддржан од Амбасадата на САД.