Политичкиот аналитичар и експерт на ЦИВИЛ – Центар за слобода, д-р Сашо Орданоски во своето видео-обраќање до учесниците на конференцијата „Слободни избори 2016“, потенцираше дека „Македонија нема созадено беспрекорни услови за демократски избори“ и дека е „неопходно, политичарите и како дел од партиските структури и како поединци, да им се спротивстават на евентуалните тенденции за насилство“.
„Македонија со години веќе не е демократско општество, а една од главните карактеристики на таа недемократија е општиот недостаток на дебата која во нашето општество, со години не се одвива и општиот недостаток на политичка конкуренција, во смисла на понудата што им ја нудат партиите на граѓаните. Македонското општество е поделено, поделени се и медиумите, не само етнички, туку и внатреетнички,.. За првпат, годинава, веројатно ќе се соочиме со феноменот во двата етникума да имаме нова конкуренција што ја прави политичката сцена уште понестабилна“.
Оваа вест е достапна и на: Albanian