Кампања: ВМРО-ДПМНЕ во Македонски Брод и Кичево, СДСМ во Скопје

На шестиот ден од изборната кампања политичките партии продолжуваат со митинзи и средби со граѓаните, во пресрет на парламентарните избори закажани за 11-ти декември.

Коалицијата „За подобра Македонија“ и ВМРО -ДПМНЕ денес имаат митинзи во Македонски Брод во 17,30 и во Кичево во 20 часот.

СДСМ и коалицијата денес ќе бидат во Скопје: во Ѓорче Петров во 17,30 и во Карпош во 19 часот. Претпладнево, носителката во Петтата изборна единица, Радмила Шекеринска одржа средба со граѓаните на Охрид.

ДПА денеска митинг ќе има во Слатино, Теарце во 18.30 часот, а во 20 часот во Добридол.

„Коалицијата за промени и правда“ одржа средба со граѓаните во Драчево во 13 часот. Слободан Богоевски, носител на кандидатската листа во Изборната единица 4, имаше прес-конференција во Струмица во 12 часот.

„Алијанса за Албанците“ денеска ќе биде во Липково во 18 часот и во Арачиново во 20 часот.

Коалицијата „ВМРО за Македонија‘‘ ќе одржи средба со граѓани во Штип во 19 часот на која ќе присуствуваат претседателот на ВМРО-Народна партија, Љубчо Георгиевски, претседателот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски и претседателот на Достоинство, Стојанче Ангелов.