Според извештајот на долгорочниот набљудувач на ЦИВИЛ од кумановскиот регион, во саботата вечерта бил демолиран штабот на Демократската партија за интеграција (ДУИ) во Слупчане.
Во селото Слупчане, Општина Липково, непознати лица го демолирале штабот на ДУИ. Веднаш била информирана полицијата, но и покрај обидите да се расветли случајот, сторителите се сé уште непознати, ниту пак се познати мотивите.
Според набљудувачот на ЦИВИЛ, во оваа населено место се чувствува тензија меѓу населението, особено по започнување на изборната кампања.
Ова е веќе осми случај на вандалско однесување само во првата недела од изборната кампања.