Протестен марш за одбележување на Меѓународниот ден за борба против СИДА

Платформата за одржливост на сервисите за превенција и поддршка на ХИВ, денес одржа протестен марш, по повод Меѓународниот ден за борба против СИДА, 1 Декември. Протестот започна од „Паркот на новинарите“, продолжи кон Министерството за здравство и заврши на плоштадот „Македонија“.

„Стратегија нема, ХИВ ќе има!“, „Во името на сексот, сидата и епидемијата – Амин!“, „860 нови инфекции без превентивна програма!“..., се дел од пораките и транспарентите од денешниот протест, преку кој 16 невладини организации го изразуваа своето незадоволоство од кратењето на буџетот за Националната програма за ХИВ.

Со оглед дека Македонија е една од државите со најниски стапки на лица со ХИВ, таа веќе не се квалификува за меѓународна поддршка, зашто, според меѓународните проценки, државата целосно може да го финансира својот одговор за справување со болеста. Но, одговор на актуелната власт, наместо континуирано зголемување на домашното финансирање на програмите за ХИВ, во споредба со досегашната донаторска поддршка, беше намалување на буџетските средства, токму во годината кога се повлекува Глобалниот фонд како најголем донатор во Македонија.

Маја Ивановска

Камера: Дехран Муратов