Кампања, ден 13: СДСМ во Ресен и Битола, ВМРО-ДПМНЕ во Кратово, Пробиштип и Крива Паланка

И денеска, на 13-от ден од изборната кампања, политичките партии продолжуваат со митинзите и со средбите со граѓаните, на кои ги претставуваат изборните програми за предвремените парламентарни избори наа 11 декември.

ВМРО-­ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ ќе одржат митинзи во Кратово во 12, Пробиштип во 17,30 и во Крива Паланка во 20 часот.

СДСМ и коалицијата „За подобар живот“ ќе одржат митинзи во Ресен во 17 и во Битола во 19,30.

ДУИ ќе одржи прес-конференција за досегашниот тек на кампањата во Тетово, лидерот Али Ахмети ќе има средби со граѓаните во општина Чаир, а централниот собир ќе се одржи во Куманово.

ДПА ќе одржи митинг во Слатино, а коалицијата „Алијанса за Албанците“ во Струга

Носителот на кандидатската листа за Првата избирна единица Ден Дончев на коалицијата „ВМРО за Македонија“ напладне ќе се сретне со граѓаните на Аеродром, (ТЦ Бисер) и на Кисела Вода (кај Рампа), а денешниот митинг ќе биде во Струмица во 19 часот.

Караванот на „Коалицијата за промени и правда“ денеска во 13 часот ќе одржи митинг во Радовиш, а во 17 часот во Конче, а ќе имаат средби со граѓаните во селата Дедино и Ракитец.