Предизборни притисоци и врз пациенти!

Граѓани од една општина во Македонија пријавуваат случаи, во кои доктори специјалисти, членови на ВМРО-ДПМНЕ, деновиве издале зголемен број потврди, со кои гарантираат дека одредени пациенти може да гласаат само во домашни услови.

„Чудно е како сега им се издаваат овие потврди, а пациентите може да дојдат на лекар, на контрола, значи дека тие може да отидат и на гласачко место, зашто се во подвижна состојба. Ова секако остава простор за сомнеж дека ВМРО-ДПМНЕ, поточно, медицински кадри -припадници на партијата, вршат суптилни или отворени притисоци врз пациентите да го дадат нивниот глас на овие избори за владејачката партија“, велат изворите на Грин ЦИВИЛ.

ЦИВИЛ-Центар за слобода, уште пред една недела, објави нулта толеранција за злоупотребите и изборните манипулации. Сите недоследности и злоупотреби на граѓан(к)и кои имаат изборен контекст, пријавувајте ги во ЦИВИЛ. Помогнете во борбата за враќање на социјалната правда, за поголема здравствена заштита, воопшто, за подигнување на нивото на граѓански и човекови права, за владеење на правото во Македонија!

Print Friendly, PDF & Email