Кампања: СДСМ во Крива Паланка и Куманово, ВМРО – ДПМНЕ во Берово и Делчево

До петок на полноќ, кога завршува кампањата за претстојните избори, закажани за в недела, 11-ти декември, и почнува изборниот молк, на политичките партии им остануваат уште четири дена за да ги претстават своите програми на граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ денеска ќе одржи митинзи во Берово во 17,30 часот и во Делчево во 20 часот.

Коалицијата „За живот во Македонија“, предводена од СДСМ, ќе има митинг во Крива Паланка во 17 часот, а централниот митинг денеска ќе им биде во Куманово во 19 часот.

Коалицијата „Алијанса за Албанците“ ќе одржи митинг во Тетово.

„Коалицијата за промени и правда“ денеска ќе биде во посета на Куманово, а носителите на кандидатските листи во Првата и во Втората изборна единица, Павле Трајанов и Јове Кекеновски ќе одржат прес-конференција во паркот „Жена борец“ во Скопје, во 17 часот.