МТВ емитуваше филм за Ќосето со наслов: „Каде со добро, каде со нож!“

Јавниот сервис МТВ на Првата програма попладнево го емитуваше документарниот филм за контроверзниот Андон Лазов Јанев - Ќосето. За време на изборен молк, ден пред предвремените парламентарни избори, на програмската шема на јавниот радиодифузер се најде документарец за егзекуторот, чиј споменик е поставен пред објектите на судовите.

mrtv-os

И тоа откако, спорната личност беше употребена во застрашувачки контекст за време на кампањата, кога лидерот на една партија и коалиција, отворено му се закани на политичкиот конкурент, лидер на опонентската партија и коалиција, со порака дека да бил „Делчев денеска жив, тој немаше да може со него да се поздрави, на него ќе му беше пратен само ‘Ќосето’, да ја заврши приказната со таков човек“.