ВМРО-ДПМНЕ, Велес: „Нема повеќе трпение, трпението помина. Идеме!“

Потпретседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ, Велес, Томе Јаневски, на својот Фејсбук профил напишал дека трпението на народот завршило и дека ќе дојдат пред Државната изборна комисија да ја одбранат изборната победа. Граѓански новинар кој сака да остане анонимен, известува дека стотина симпатизери и членови се собираат пред ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Велес.

„Нема повеќе трпение - трпението помина. Се поминаа сите граници. Нема да дозволиме со кражба да се менува вољата на народот. Спремни сме. Идеме“, напишал Јаневски.

15451276_10208907398941438_392687848_n

Инаку, тој е раководител на Јавното претпријатие „Македонија пат“ во Велес, а претходно бил советник во Општина Велес.

На Фејсбук страницата „И Јас Сум Вмро Дпмне“ се повикуваат симпатизерите пред ДИК, да се пребројат и „да се види кој е Македонец а кој е гнида!“.

i-as-sum-vmro

На истата Фејсбук група „И Јас Сум Вмро Дпмне“, е објавен  и Фејсбук статусот на Миленко Неделковски, кој тврди дека зградата во која се наоѓа ДИК е „комплетно евакуирана и сите вработени ја напуштиле зградата по директива на полицијата, заради нивна безбедност“. Неделковски напишал и дека ќе има многу народ пред ДИК, „за спречување на фалисфикат, посакуван од СДСШ, а нарачан од чадорот“.