Наградата „Жан Моне“ за фоторепортерот Роберт Атанасовски и постхумно за новинарот Влатко Ѓорчев

На годинешното 14-то доделување на наградите „Жан Моне“, кои ги доделува Европската унија - за најдобри достигнувања во известувањето за прашања што се однесуваат на ЕУ и пристапувањето на земјата кон ЕУ, во конкуренција на 14 фоторепортери, наградата за најдобра фотографија, ја освои фоторепортерот на порталот мкд.мк и дописник на агенцијата Франс Прес, Роберт Атанасовски, за фотографија од Шарената револуција пред Министерството за правда. Наградата за новинарски текст на темата „Пржино и потоа“, постхумно ја доби Владе Ѓорчев, новинар на агенцијата „Мета“.

roko-nagrada1

Награди за новинарство, за професионална репортерска фотографија и за аматерска фотографија ги врачија амбасадорот на ЕУ, Самуел Жбогар, и почесниот претседател на жирито за наградата „Жан Моне“, новинарката од Албанија, Сонила Мецо.

Роберт Атанасовски како еден од најискусните фоторепортери во Македонија, беше предавач на првиот циклус семинари од проектот „Граѓански објектив“, во организација на ЦИВИЛ – Центар за слобода, каде на граѓанските новинари им ги претстави своите искуства од професионалната кариера, низ разговор, дебата и преку неговите фотографии од бегалската кјриза и од Шарената револуција, кои последните две години се најдоа на насловните страници на бројни медиуми во светот.