Членството на ВМРО-ДПМНЕ повторно се собира пред ДИК!

Членовите и симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ и денеска се собираат пред седиштето на Државната изборна комисија (ДИК), за како што им изјавуваат на медиумите, да „не им се украде изборната победа“. ДИК на денешната седница ќе ги разгледува преостанатите приговори на СДСМ и БЕСА и ќе одлучува за нив.

Синоќа неколку стотици граѓани протестира пред седиштето на ДИК. Носители на кандидатски листи од ВМРО-ДПМНЕ и други истакнати партиски функционери, им се обраќаа на присутните и се закануваа со „гневот на народот“, доколку ДИК донесе одлуки кои ќе спротивни на нивната волја и првичните објавени резултати.

Print Friendly, PDF & Email

Оваа вест е достапна и на: Albanian