Мониторинг тимовите на ЦИВИЛ – Центар за слобода дојдоа до информации од теренот кои говорат за силен притисок врз гласачите на гласачкото место 2011 во Теарце.
Набљудувачите на ЦИВИЛ дојдоа до информации дека во тек е операција на поткуп на гласачите, насочена кон намалување на излезноста на прегласувањето, в недела на 25 декември.
Наводно, од гласачите се бара да не излезат на гласање, а за возврат им се нудат високи парични награди, при што тие мораат да ги предадат своите лични документи „на чување“ до ден по прегласувањето. Цената на апстинирањето 0д гласање во недела, наводно е од 50 до 100 евра по гласач.
Посебно е изразен притисокот врз етничките заедници на Македонците, Турците и Ромите.
ЦИВИЛ ги повикува институциите да го одбранат правото на глас на граѓанките и граѓаните на Република Македонија и остро да го санкционираат секој обид за поткуп и други нерегуларности во Општина Теарце.