„Работа ако имаме, сé ќе имаме!“

На вториот дводневен семинар од вториот циклус на проектот „Граѓански објектив“ што во организација на ЦИВИЛ – Центар за слобода, се одржа во Велес, покрај предавањата, учесниците поделени во неколку групи, учествуваа и на практичниот дел – работилницата за граѓанско новинарство и снимањето прилози на велешките улици. ЦИВИЛ Медиа денеска го објавува прилогот на граѓанските новинари Загорка Трајкова, Лилјана Ноневска и Дино Климента, кои разговараа со членовите на сиромашно ромско семејство, за нивното преживување во нехумани услови, без вода и струја, за безуспешното барање работа или помош, за скромната желба да се купи течна пудра за четирите дечиња кои имаат сипаници...

„Ни куќа имам, ни јадење, ни пиење имам“, вели Рагбет Дестанова, мајка на четири малолетни деца, невработена како и нејзиниот сопруг.

„Баравме работа, никој не ни помага, ни за работа, ни за ништо друго... За нас сé нема. Се снаоѓаме за храна, од комшиите, некој ова ќе даде, некој тоа...  На момчето мое некој работата да му даде, тоа е најосновно. Работа ако имаме, сé ќе имаме. Еден член да работи во куќата, убаво ќе биде... Многу бедно живееме. Господ да чуе! И луѓето да ни помогнат“, посака соговорничката на граѓанските новинари.


hgzzt

Оваа вест е достапна и на: AlbanianEnglish