По уште една година борба за слобода во Македонија и за исчезнување на стравот, за враќање на демократијата, ослободување на медиумите и востановување на правната држава, за почитување на човековите права на сите граѓани на Македонија, особено на маргинализираните и ранливите категории, за санкционирање на криминалот и елиминирање на шовинизмот и на говорот на омраза, борба против сите видови дискриминација и структурно насилство, борба - водена и на улиците на македонските градови и низ институциите, ЦИВИЛ Медиа, им понуди на дваесетина јавни личности, интелектуалци, творци, слободоумни луѓе..., да напишат осврти за тоа како ја преживеале 2016.
Граѓански активист(к)и, новинар(к)и, режисер(к)и, актер(к)и, писател(к)и, преведувач(к)и, секој(а) на свој начин, низ колумните раскажуваат за сето она што го оставивме зад нас, неретко, меѓу редови, најавувајќи ги и своите надежи за годината и периодот пред нас... Следните денови ќе ги објавуваме нивните размислувања на тема „Како ја преживеав 2016“.