„Скопје 2014“: Рискантна прошетка по плоштадот „Македонија“

Додека на провладините медиуми се пласираат информации дека „институциите лавовски се борат со снежното невреме“, граѓаните и граѓанките ги трпат последиците на неподготвеноста на надлежните.

Централниот скопски плоштад „Македонија“ наликува на лизгалиште, на кое  цврсто стои само неподвижниот Воин на коњ. А, граѓан(к)ите, секојдневно завршуваат со скршеници или повреди, поради замрзнатиот снег.

povrdn-kinz

 

Додека поминував по плоштадот „Македонија“, бев сведок како еден турист (најверојатно од Кина), се лизна на мразот и падна, при што завршим најверојатно со скршена рака. Граѓаните кои беа сведоци на несреќата, му помогнаа на туристот и го однесоа во болница, ни пишува граѓанскиот новинар, Вулнет Махмути.

povrdn-kinz2

Проектот „Скопје 2014“, кој и во 2017 не е завршен, и за кој се потрошени стотици милиони евра за споменици и за барокни фасади, власта не успеа да создаде услови за функционирање барем како туристичка атракција. Паралелно, се потрошија огромни средства за непотребни работи (затоплување на палмите), а бездомниците оставени на милост и немилост, смрзнуваат, преживувајќи на улица, или во напуштени објекти, со помош само од хуманите граѓан(к)и.

Измрзнати граѓани, стотина повредени, едно починато бездомно лице..., е билансот на неколкудневните екстремно ниски температури. Пред да заврне снег, надлежните ги убедуваа граѓаните дека се подготвени да се справат со снежните наноси, но сепак, тоа беа само празни ветувања. Кој ќе поднесе одговорност?!


 

hgzzt

Оваа вест е достапна и на: AlbanianEnglish