МОН ги крие стипендистите, оти е „кризна политичката ситуација“!?

Студентскиот пленум на својата Фејсбук страница објави дека на 10-ти јануари, Министерството за образование и наука, требало да ги објави списоците на студентите кои добиле државна стипендија. Денес, два дена по рокот, телефонската линија на МОН е недостапна, а пленумците тврдат дека откако воспоставиле контакт, добиле одговор дека Министерството се „наоѓа во кризна политичка ситуација“.

Студентскиот пленум тврди дека „буџетот за државните стипендии е одамна изгласан и одобрен“, и се прашува „како воопшто, политичката ситуација влијае врз изборот кои студенти ќе добијат стипендија“?

Пленумците бараат МОН уште денес да ја објави листата на студенти, а студентите да бидат упорни и понатаму да бараат одговори на денес глувите телефони 311-7896 и 314-0167.